„Македонски народни песни од Разлошко“ од Серафим Бојанов

Од:

Издавачката куќа „Камелеон“ од Скопје ја објави книгата „Македонски народни песни од Разлошко“ од Серафим Бојанов во редакција и со предговор на д-р Марко Китевски. Со ова издание Бојанов се приопштува кон плејадата заслужни собирачи на македонски народни умотворби.

Изданието содржи збирка што Бојанов ја објавил во 1884 година и која содржи песни од еден слеп гуслар од Разлошко. Содржи и песни и обичаи што запишувачот ги објавил во периодиката во Софија, а на крајот е поместена една досега необјавена збирка со лирски песни од Разлошко.

– Серафим Бојанов е значаен, но недоволно познат собирач на македонски народни умотворби. Роден е во разлошкото село Драглишта во 1865 година. Се школувал во родниот крај и во Софија каде што ја завршил Софиската класична гимназија. Потоа долги години бил учител во Цариград, во Разлог, Банско, и во други места. За време на студиите, а и подоцна за време на учителствувањето, интензивно запишувал народни песни во разлошкиот крај, како и во повеќе краишта на Бугарија. Соработувал со Ангел Букурешлиев кој ги запишувал мелодиите на песните, па така имаме комплетни записи со текстови и мелодии, соопшти издавачот.

Би можело да ве интересира

„Цепај сине“, купи книга и биди хуман: Ѕоф и „Арс Ламина“ во нова хуманитарна акција

Онлајн-промоција на „Почитувани бубачки и други морничави приказни“од Маша Колановиќ

Кристина Краличин добитник на првата награда на конкурсот „Il Parnaso – Premio Angelo La Vecchia”

Објавена книгата за деца и млади „Диносаурус“ од Аевар Тор Бенедиктсон

Нова книга со раскази „Деконструкција на празнината“ од Даниела Андоновска-Трајковска

Промоција на книгата „Витаминот Д и респираторното здравје“ од Татјана Јаќовска и Весна Мицевска

Ана Ололовска