Македонски автори на стрип-фестивал во Србија

Од:

Македонски стрип автори ќе учествуваат на традиционалната 19. по ред Балканска смотра на млади стрип автори, што ќе се одржува од денеска до 2 јули во Лесковац, Србија.

Организатор на стрип-фестивалот е училиштето за стрип „Никола Митровиќ-Кокан“, кое работи во рамки на Лесковачкиот културен центар.

Претставници на издавачот „Стрип квадрат“ од Скопје пред балканските стрип-вљубеници ќе ги претстават своите изданија: сликовницата „Девојче на Месечината“ на Александар Стеванов, албумите „Витези од соседството“ на авторскиот тандем Јордан Коцевски и Дарко Богданов и „Бесмртните“ на Диме Иванов – Димано, како и монографијата „Имагинарен реализам“ на Тони Анастасовски.

– Ќе има плејада на стрип-автори од различни земји, меѓу кои и легендарните Игор Кордеј од Хрватска, Бернард Кол од Словенија, Петар Станимиров од Бугарија, Мирко Чолак од Србија како и многу други познати имиња од полето на светскиот стрип. На овој настан не изостануваат и наградите за стрип-автори, од кои скоро секоја година ги зема по некој млад македонски стрип-автор, вели издавачот Никола Темков, кој е најавен како специјален гостин на манифестацијата.

Би можело да ве интересира

Македонски автор застапен во српска стрип-антологија

Македонскиот стрип претставен во Букурешт

Ана Ололовска

Македонскиот стрип со изложба во Сомбор

Ана Ололовска

Мултимедијалната патувачка стрип изложба „CAN for Balkans“ доаѓа во Велес

Ана Ололовска

Прогласени победниците на меѓународниот натпревар на историски стрипови „CAN for BALKANS“

Излезе од печат стрип албумот „Бестрашниот“ на Дарко Богданов

А1он