Македонската асоцијација на издавачи смета дека Годишната програма на министерството промовира нелојална конкуренција

Од:

„Македонската асоцијација на издавачи реагира на објавената Годишна програма за проекти од национален интерес во културата за 2018 година во областа на издаваштвото, која беше објавена во саботата на 10 февруари 2018 година.

МАИ ја поздравува зголемената транспарентност при објавувањето на побараните и одобрените износи на проектите. Но, од друга страна, сметаме дека недостасува транспарентност и доследност во запазувањето на критериумите за избор на членовите на комисиите, како и конкретни критериуми за бодување на квалитетот на поднесените проекти.

Сметаме дека оваа Годишна програма промовира нелојална конкуренција зашто се стимулира појава на непознати фирми што на сметка на издавачките куќи со долгогодишно реноме добија повеќе проекти на годишно ниво. Имено, ограничувањето на бројот на поднесени проекти на 10 доведе до формирање нови фирми со дејност издавање книги само за целите на конкурирање на Годишната програма.

Оттука, таквите фирми не можат да приложат соодветна референтна листа на издадени публикации, како доказ за нивното искуство како издавачи. На конкурсот се поддржани издавачки куќи што се непознати и што немаат издавачко портфолио (уредувачки тим, дистрибуција, книжарници), и што не се докажани во дејноста, па дури и фирми што не се регистрирани за дејности од областа на културата. Компаративно, издавач што постои повеќе од 10 години има добиено помалку проекти од НОВИТЕ издавачки куќи што се формирани во текот на 2017 година, очигледно со цел да поднесат проекти за финансирање во рамките на Годишната програма.

Во однос на распределбата на средствата, се забележува нерамномерно доделување средства, односно не се користени конкретни критериуми за определување на износот на финансирање – износите во поголем дел се паушални. На пример, може да се забележи дека износите доделени за превод на дело се поголеми од износите за авторски дела, што директно се коси со напорите да се поддржат македонските автори.

Исто така, соодносот на побараните и одобрените средства не е еднаков насекаде, односно некаде се одобрени сите побарани средства од страна на побарувачот, некаде е скратено 10%, некаде 30%, 50%, а некаде дури и 90%, со што е оневозможена реализацијата на проектот. Средствата што се доделени на одобрените проекти се нереално распределени, без критериум и без претходно изработени мерни инструменти на реалната и апроксимативната висина на печатарските и други трошоци на насловите што се одобрени, како и нивното значење за литературата во Македонија.

Во пријавите беа нагласени општите и посебните приоритети при поддржувањето на проектите од издавачка дејност, како што се, на пример:

Проекти и книжевни манифестации што придонесуваат за книжевниот и културниот развој во Република Македонија,
Национални литературни манифестации што придонесуваат за афирмација на домашното литературно творештво,
Проекти што промовираат литература наменета за деца и млади од автори од Република Македонија итн.

Од приложеното се гледа дека не е испочитуван ниеден од овие приоритети. Се гледа, исто така, и дали и како работела комисијата и дали ги имала предвид критериумите по кои би се поддржале проектите што ќе ги промовираат и ќе ги афирмираат македонските автори, но и ќе го поттикнат нивното творештво и унапредување на издавачката дејност во Република Македонија.

Забележани се низа недоследности, и тоа:

На ист автор му се одобрени повеќе проекти (како преведувач и како автор, или како преведувач на две дела, и сл.),
Превод од посреден јазик, и покрај заложбите да не се поддржува ваков превод,
Поддршка на комерцијални изданија (и покрај нагласувањето од страна на Министерството дека таквите проекти нема да бидат поддржани), односно селективност во поддршката на овие изданија, т.е. одобрени кај одредени издавачи и одбиени кај други,
Недоволен број поддржана детска литература.

Од Министерството за култура посочија дека отсега организацијата за претставување на Р. Македонија на меѓународните саеми на книга преминува во надлежност на Центарот за книга. Меѓутоа, МАИ, а и пошироката јавност, нема никакви сознанија за ова тело, иако неговото постоење се најавува години наназад. Организацијата на учеството на овие саеми бара подготовките да почнат неколку месеци претходно, а веќе е доцна за поднесување апликации на одредени саеми. Сметаме дека издавачите треба навреме да бидат информирани на кои саеми ќе се учествуваат и под кои услови.

Како заклучок, МАИ констатира дека Годишната програма за проекти од национален интерес во културата за 2018 година во областа на издаваштвото не го зајакнува издавачкиот сектор и не промовира развој на дејноста, туку преку низа ограничувања поттикнува нелојална конкуренција и не гарантира квалитетна реализација на поддржаните дела и нивна достапност до читателите. И покрај позитивните напори и најави дека овој конкурс конечно ќе ги земе предвид забелешките од претходните години, сметаме дека тие не се спроведени правилно и правично“ се вели во реакцијата на МАИ.

Би можело да ве интересира

Реакција на МАИ за доцнењето на резултатите од Годишниот конкурс за издавачката дејност

Ана Ололовска

Пронајден влез во подземниот свет на Маите

Татјана Ташкова

Градежници со булдожери урнале приамида стара повеќе од 2300 години

Емир Латифовиќ

На Нов Зеланд е 21 декември, нема крај на светот

Дали цивилизацијата на Маите пропаднала поради глобалното затоплување?

Емир Латифовиќ

Нема крај на светот во 2012

Емир Латифовиќ