Македонска опера и балет гостува во Стара Загора – Бугарија

Од:

На покана од Државната опера од Стара Загора, Р. Бугарија, на 4 декември 2018, Македонската опера и балет ќе гостува со операта „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини.

Македонската опера и балет има чест да настапи на 49. издание на Фестивалот на оперската и балетска уметност во Стара Загора кој започнал во 1967 година под името Декемвриски музички денови, иницијатор бил Маестро Димитар Димитров.

На фестивалската сцена гостувале истакнати оперски и балетски имиња, како и европски оперски и балетски театри.

Со учеството на Македонската опера и балет во 2015 година и уште 12 оперски театри од регионот е создадена таканаречена Балканска оперска мрежа, со цел да се активира соработката помеѓу различни организации во музичко – сценката уметност.

Би можело да ве интересира

Поранешниот заменик на Екатерина Захариева е нов шеф на бугарската дипломатија

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

Мицкоски по Самитот во Брисел: Оставете ги билатералните прашања, коишто предизвикуваат емоција, да зборуваме за соработки

Главчев: Можеме да водиме секакви дијалози, но нашата позиција не е променета

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година