Македонија домаќин на детскиот филмски фестивал „Џифони“

Од:

 Во втората половина од годинава Македонија ќе биде домаќин на најпознатиот италијански детски филмски фестивал „Џифони филм фестивал“.

При крајот на септември се очекува Македонија да ја посетат над 50 млади луѓе на возраст од 12 до 18 години од седум држави кои ќе проследат 15-тина проекции на европски филмови и во текот на престојот ќе учествуваат во дебати и работилници кои ќе ја поттикнат нивната креативност и иновативност.

Планирано е пред започнување на фестивалот, во текот на мај да се одржи ден на „Џифони“ на кој јавноста ќе се информира за овој настан, а во јули македонска делегација ќе престојува во Италија.

Фестивалот под мотото „Засекогаш млад“ ќе се одржи за првпат во Македонија благодарение на Италијанската амбасада, а ќе се реализира со поддршка на Министерството за култура и Град Скопје.

На денешната прес-конференција во Скопје, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска оцени дека реализацијата на овој филмски фестивал во Македонија ќе има многу придобивки за младите во подигнувањето на нивната свест за филмската уметност и во моделирањето на нивната перцепција за културата и уметноста воопшто.

– Одржувањето на овој фестивал ќе биде убава можност за промоција на нашата земја, а ако се земат предвид културните релации што ги имаме со Република Италија убедена сум дека преку оваа манифестација успешно ќе биде промовирана и мисијата на „Џуфони“ за обединување на целиот свет преку културата и филмската уменост, рече Канческа-Милевска.

Директорот на фестивалот Клаудио Губитоси истакна дека заслужни за доаѓањето на фестивалот во Македонија се младите Македонци и нивната ангажираност и посветеност прикажана на минатогодишниот фестивал кога младата 17-годишна Илина Димитровска ја имала таа привилегија одблизу да се запознае со американскиот актер Николас Кејџ.

Фестивалот „Џифони“ има 43-годишна традиција и е своевиден бренд на италијанската култура поради квалитетната селекција на филмови и гости, но и поради социјалниот и едукативниот катактер. Секоја година над 50 земји испраќаат свои делегации на фестивалот. Со поддршка на Италијанската амбасада во Скопје изминатите десет години на овој фестивал се испраќаа претставници и од Македонија.

Би можело да ве интересира

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Џез Фабрика фестивал Битола дел од светската мрежа на Арт фестивали

А1он

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

„Јон Вардар против галаксијата” викендов беше премиерно прикажан во Шпанија

Победничката на UpBeat – Best New Talent Award на фестивалот Звукот на Скопје

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ