„Макбет“ со првенците на Операта Борис Трајанов и Весна Ѓиновска-Илкова

Од:

На сцената на Националната опера и балет вечер од 20 часот ќе биде изведена операта „Макбет“ на Верди според трагедијата на Шекспир. Режисер е Марко Спада од Италија, а диригент Шпанецот Диего Гарсија Родригез.

-Можеби една од најзначајните драми на Шекспир, која ги отвора прашањата за човековата психологија, алчност и желбата за власт кои го уништуваат здравиот разум. Ова е оперското дело со кое Џузепе Верди воспоставува уметничка врска со Шекспировите драми, па правејќи бројни исклучоци од традиционалната италијанска опера и промена во личниот музички израз, ни ја претставува приказната за деструктивноста на човековата природа, преку главните ликови на Макбет и Леди Макбет кои на сцената ќе ги донесат првенците Борис Трајанов и Весна Ѓиновска-Илкова, соопшти НОБ.

Ќе настапат и Александар Стефаноски, Никола Стојчески, Катерина Митева, Дејан Стоев, Диме Петров, Борко Биџовски, Марко Гапо, Димитар Кожухаров, хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Сценограф на оперската претстава е Мауро Тинти од Италија, костимограф Раде Василев, а кореографијата е на Олга Панго.

Би можело да ве интересира

Нова македонска опера на европската музичка сцена

Ана Ололовска

ВИДЕО: Концертот на Андреја Бочели го гледале скоро 25 милиони луѓе

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Концерт на Андреа Бочели во живо: Да ја прегрнеме оваа ранета планета

А1он

Андреја Бочели со настап во катедралата Дуомо за Велигден

Ана Ололовска

Откажана оперската претстава „Кармен“ што беше најавена за 13 март

Ана Ололовска

Ана Дурловска доби позитивна критика за настапот во Големиот театар во Женева

А1он