Мајски оперски вечери: Промоција на монографијата за Зина Креља и изведба на „Турандот“

Од:

Промоција на монографијата посветена на нашата оперска примадона Зина Креља вечерва ќе се одржи во рамки на програмата на 46. издание на Мајските оперски вечери.

Нејзината богата и успешна кариера и животниот пат се претставени во ова книжевно издание, чии креатори се м-р Снежана Анастасова – Чадиковска и д-р Александар Трајковски.

Рецензенти на делото се проф. Фимчо Муратовски и м-р Весна Гиновска-Илкова. По завршувањето на промоцијата на ова дело ќе се одржи пригоден концерт на кој ќе настапат повеќе првенци од нашиот ансамбл.

На големата сцена на Македонската опера и балет посетителите ќе имаат можност да ја видат приказната за принцезата „Турандот“, уште едно маестрално дело на големиот Пучини, кое воедно е и последно во неговиот животен опус.

Диригент ќе биде гостинот од Република Италија, Алесандро Д’Агостини, додека режијата, костимографијата и сценографијата се на Џанкарло дел Монако, исто така од Италија.

За светлосниот дизајн се погрижи австрискиот мајстор Волфганг фон Цубек.

Во улогата на Турандот ќе ја видиме нашата првенка, Весна Ѓиновска-Илкова, како Калаф, гостинот од Франција, Амади Лага, како робинката Лиу ќе ја видиме гостинката од Чешка, Ноема Ерба и како Тимур, нашиот Игор Дурловски.

Би можело да ве интересира

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

„Лучија од Ламермур“ од Гаетано во рамките на „Мајски оперски вечери“ на 18 мај

Ана Ололовска

Изведба на операта „Норма“ во рамките на 50. Мајски оперски вечери

Ана Ололовска

Пријавата за напад стигнала во МНТ, полицијата апелира на смиреност, евакуирани повеќе институции

Ландов

Полицијата го блокираше центарот на Скопје, неофицијално има дојава за бомба

Ландов