„Лучија од Ламермур“ вечер во МОВ

Од:

Психолошки фасцинантната опера „Лучија од Ламермур“ од Гаетано Доницети, со врвна солистичка екипа, ќе се одржи вечерва во рамки на 47. Мајски оперски вечери во Националната опера и балет.

Во главната улога како Лучија ќе настапи нашата светски позната првенка Ана Дурловски која бележи успешна светска кариера. Италијанскиот баритон Франческо Вултаџо, добитник на многубројни интернационални награди ќе настапи во улогата на Енрико, додека во улогата на Едгардо ќе настапи Ифрим Космин од Романија, кој со својот полн и обоен тенорски глас бележи настапи на многубројни престижни оперски сцени и театри низ светот.

Во улогата на Рајмондо ќе настапи гостинот од Србија Иван Томашев, солист на Националната опера во Белград, а во улогата на Артуро, Марјан Николовски. Марика Поповиќ и Јане Дунимаглоски ќе ги видиме во улогите на Ализа и Нормано.

Диригент е гостинот од Бугарија Најден Тодоров, се наведува во соопштението од Националната опера и балет.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Успешен настап на Националната опера и балет во Народниот театар во Белград со „Севилскиот берберин“

Ана Ололовска

Традиционален Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2023

Ана Ололовска

„Палјачи“ од Руџеро Леонкавало во Национална опера и балет

Во Националната опера и балет ќе се изведе операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи

Горан Наумовски