Локомотива организира второ издание на летната школа „Курирање во контекст“

Од:

Второто издание на летната школа „Курирање во контекст“, организирана од Центарот за нови иницијативни во уметноста и културата – Локомотива, започнува на 29 август. Школата нуди рефлексија за различни социо-политички и економски контексти, можност за развој на кураторски методи за преиспитување на практиките на современите уметности, како и самоорганизација на критичкото размислување.

– Школата критички се осврнува на перспективите на производство, застапување, иницирање различни модели на презентирање и артикулирање на уметноста во одреден контекст, велат од Локомотива.

„Курирање во контекст“ ќе се одвива во три модули, вклучувајќи ја летната школа, процес на менторство и развој на проекти и уредување и објавување на сработени проекти.

Дополнителни информации за Меѓународна летна школа „Курирање во контекст” поврзани со програмата, форматот, тематските рамки и предавачите се достапни на следниов линк.

Програмата на школата е организирана како дел од соработката со проектот Brain Store во рамките на активноста Performance Situation Room на проектот Life Long Burning, activity of Life Long Burning project, поддржана од Програмата на Креативна Европа на Европската унија, Министерството за култура на Република Северна Македонија, Град Скопје и Младински културен Центар.

Би можело да ве интересира

Две нови изведби на перформансот „Мачката Елеонора“ во МКЦ

Предраг Петровиќ

Костадиновска Стојчевска: Да се одложат одредени проекти во МКЦ додека да се реши статусот на хонорарците

Синдикатот на МКЦ бара надлежните институции да најдат решение за хонорарно ангажираните лица

Горан Наумовски

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Бени Шаќири нов директор на МКЦ

VILLAGERS OF IOANNINA CITY за прв пат во Скопје