„Локомотива“ ќе претстави две нови танцови продукции

Од:

Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата „Локомотива“ во рамки на проектот „Што е кореографија?“ на дводневен настан во Кино Култура ќе претстави две нови современи танцови продукции – „Dream State“ на кореографот Валентино Апостоловски, и „Moonlight“ во кореографија на Александар Георгиев и Дарио Барето Дамас од Шпанија.

Од 18 часот вечер ќе биде организиран разговор со кореографите, а утревечер од 19 и од 19.30 часот премиерно ќе бидат претставени двете танцови продукции.

Реализацијата на проектот „Што е кореографија?” е поддржана од Министерство за култура и Општина Центар. Проектот е куриран од Биљана Тануровска-Ќулавковски, асистент куратор на проектот е Елена Ристеска, проект-менаџер е Виолета Качакова.

Би можело да ве интересира

Скопје ќе пречека стотици танчери в сабота на голем меѓународен танцов напревар

„Импулс“ – претстава на студентите од прва и втора година на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Започнуваат со работа програмите од втор циклус студии на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Премиерна изведба на „Парадоксот на Диоген“ во МКЦ

Ана Ололовска

Почнува седмото издание на „Битрикс танцова лига“

Скопје танцовиот театар ја отвора сезоната со танцов перформанс и филм

Ана Ололовска