Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Од:

Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, кој од 2004 година заедно со останатите театари во земјава со одлука на тогашната Влада бил пререгистриран во НУ Центар за култура со што ја изгубил својата примарна дејност театар, со решение од министерот за култура и туризам Зоран Љутков од денеска си го врати стариот статут и име НУ Театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес.

На денешната прес-конференција во фоајето на Театарот во Велес присуствуваа и најголем дел од 45-те вработени, а министерот Љутков родум велешанец, кој своите почетоци најпрво аматерски, а потоа и професионално ги правел токму во Велешкиот театар, потенцира дека ваквото решение им го врачува токму на денешниот празник нa нивниот патрон.

-Зошто е посебен овој ден? Бидејќи хронолошки ако гледаме овој театар отсекогаш го носел приматот театар. Никогаш во својата биографија, во својата формула, не користел други дејности од културата, како музичката, ликовната, фолклорната и останатите дејности, освен за тоа што постоел, а тоа е театар и секогаш си останал на своето како театар, потенцира министерот Љутков.

Жарко Спасовски, директор на оваа национална установа потенцира дека денешниот ден за нив е посебен затоа што е денот на нивниот патрон, на кој им се исправа една 20-годишна неправда.

-Да исправиме една неправда направена во 2004 година, а и ние сме функционирале и секогаш функционираме само како театар, но сме имале име Центар за култура. Денеска тоа ни е исправено и повторно сме тоа што сме театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“. За среќа имаме човек кој ги знае нашите маки и проблеми, а кои се проблеми на сите институции во културата, нашиот министер за култура Зоран Љутков, потенцира Спасовски.

Министерот Љутков информира дека во овој краток период од шест месеци, во програмите во културата во 2024 од реализираните само 10 проценти на буџетот и програмите успеале да ги зголемат на 78 проценти и во делот на програмските активности и во делот на реформите и во делот на капиталните инвестиции, а и да ги вработат на неопределено 170 уметници кои биле на определено време.

-Со многу брз чекор успеавме на 170 уметници од А категорија во земјава, на кои кон крајот на 2024 година им зависеше нивното работно место, успеавме во последен момент заедно со пратениците во македонското Собрание да ги донесеме измените, да го донесеме Законот и конечно овие 170 уметници – носители на дејност конечно да си го добијат својот статус на уметници на неопределено работно време, што се двете битни работи, потенцира министерот Љутков.

Би можело да ве интересира

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

Почина култниот режисер Дејвид Линч

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он