Литературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ“ Тетово распиша конкурс за најдобра необјавена песна

Од:

Литературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ“ при Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ од Тетово го распиша годинашниот конкурс за најдобра необјавена песна за деца и возрасни. Конкурсот се распишува во две категории – најдобра песна за деца на македонски јазик и најдобра песна за возрасни на македонски јазик.

-Темата е слободна. На конкурсот ќе се доделат награди за првите три најдобри песни за деца и три најдобри песни за возрасни. Песните треба да бидат напишани на македонски јазик, а доколку се на друг јазик задолжително да се достави и препев на македонски јазик, информираше Мирко Видоески, претседател на Литературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ“.

Конкурсот е отворен до 15 декември до 24 часот кога треба да пристигнат песните на електронската адреса на Клубот: literaturenklubtetovo@gmail.com.

-Песните треба да се напишани на компјутер под шифра, секоја песна во посебен фолдер и за секоја песна да се испрати решението на шифрата со назнака: За конкурсот на Литературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ“, вели Видоески.

Поради пандемијата нема да се одржи литературна вечер и резултатите ќе бидат објавени на 25 декември на страницата и групата на Литературниот клуб на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска