Денеска ќе биде целодневно културно доживување во рамки на Карпошовото културно лето.
Во 12 часот напладне, на платото во ТЦ Карпош 3-Лептокарија, над 20 академски сликари од Македонија и од странство на своите платн ќе сликаат теми по свој избор во масло и акрил.
Културното дружење на Карпошовото лето 2014 ќе продолжи вечерта на истото плато во Лептокарија со настап на музичката група Eye Cue познатиот македонски алтер поп-рок бенд.