Либералната партија се приклучи кон повикот „Не го чепкај МКЦ“

Од:

Либералната партија се придружува кон повикот на голем број уметници – „Не го чепкај МКЦ“.

Партијата смета дека МКЦ е бедем на културата кој подолго време работи беспрекорно, со специфична енергија и неверојатно квалитетна понуда на културни настани.

„Има фантастичен тим, одлично раководство и директор кој доаѓа од јадрото на креаторите на програмата на МКЦ – и тоа треба така да остане и понатаму. ВД директорот Русе Арсов е врвен професионалец кој долги години наназад е столб на културната политика и менаџирањето на таа институција, човек кој на кадровски план создаде тим на кој многумина би му завидувале. Дегутантно е во МКЦ да се поставува директор по партиски клуч – човек кој никогаш не стапнал во МКЦ. Смената на ова професионално раководство со партиско ризикува со дилетантизам, и ќе предизвика ненадоместлива штета за урбаната култура во Македонија и ќе се уништи една посебна енергија и мачно стекнато знаење“, велат од Либералната партија преку соопштение.

Додаваат дека не треба да се дозволи и она малку професионално и квалитетно во државата да се уништи.

„Апелираме власта мудро и храбро да се одважи и да овозможи овој раководен тим и понатаму беспрекорно да менаџира со МКЦ“, се вели во соопштението на Либералната партија.

Би можело да ве интересира

Средба Зајкова – Кос: Македонија мора да биде подготвена како Исланд за членство, а ЕУ да биде искрена, брза и креативна во поддршката

Зајкова: Среќен и благословен Бајрам – исполнет со мир, хармонија и заедништво

Предраг Петровиќ

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Зајкова: Сеопфатен ветинг за државната служба и избраните и именувани лица од 1991 година до денеска

Предраг Петровиќ

ЛДП: Строги контроли не само во локалите, туку и во детските градинки, училиштата и други големи објекти

Аврамоска-Ѓореска: Не е само 8 март ден на жените

Горан Наумовски