Кога наближува лето, сите читатели се во исчекување на Летниот фестивал на книгата што традиционално се одржува во ТРИ од 20 јуни до 20 август. Така и оваа година, под слоганот „Секоја страница – нова станица“, во сите книжарници на ТРИ и на kniga.mk ве очекува понуда која ќе ви овоможи што е можно повеќе книги под дебелите сенки, на песочните плажи, во шумите или насамо во срцето.
Пуштете ги во себе книгите и нека ви остават траен печат од едно извонредно лето. Многу нови наслови кои ќе пристигнуваат во текот на фестивалот, големи попусти до 70 % и количинскиот начин за добивање што е можно повеќе книги, се само дел од предностите на овој фестивал.
„Се случи едно лето“ од Теса Бејли и „Прекрасен свету, каде си“ од Сали Руни се два долгоочекувани светски книжевни хита што ќе бидат дел од новитетите. „Хроника на птицата навивалка“ ќе биде сместена во одделот од домашната библиотека кај името на Мураками, додека „Заложници“, „Кутија со сенки“ и „Девојките што горат“ чекаат во отсекот за трилерите да ве наежат од глава до петици. А во едицијата популарна наука и психологија, „Телото памети“ и „Храброста да се биде свој“ ќе заблескаат подготвени да ви подарат позитивни вибрации.
Фестивалскиот каталог е на следниот линк https://bit.ly/3y1yTfg. Таму се сите наслови што треба да ги имате крај себе додека патувате со и во книгите. Кога дестинацијата е срцето, книгите се билетот!