Ленче Здравкин и Омер Калеши добитници на наградата „Мајка Тереза“

Од:

Хуманитарката од Велес Ленче Здравкин и ликовниот уметник со светска каиера и со потекло од Кичевско Омер Калеши се добитници на државната награда „Мајка Тереза” во 2018 година.

Одлуката ја донесе Одборот за доделување на наградата под претседателство на академик Алајдин Абази.

Таа се доделува за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката меѓу народите и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

На Здравкин и Калеши наградата ќе им биде врачена во Собранието на Република Македонија напладне на 26 август – датумот кога е родена нобеловката Мајка Тереза.

Би можело да ве интересира

Пожар во бараката на Управата на Клиничкиот центар во Скопје

Индија забрани организацијата Мајка Тереза да се ​​финансира од странство

Османи во Ватикан по повод одбележување пет години канонизација на Мајка Тереза

А1он

Почнува културната манифестација „Светлото на Гонџе“

Ана Ололовска

Со свечена академија завршуваат 21. „Денови на Св. Мајка Тереза“

Ана Ололовска

Џафери: Мајка Тереза е симболот на бескрајната хуманост, на љубовта кон човекот, на грижата и сочувството кон болните и сиромашните

Ана Ололовска