Лауреатот од Берлин и од Венеција, португалскиот режисер Салавиза, гостин во Битола

Од:

Eден од најнаградуваните млади режисери во светот, Португалецот Жоао Салавиза, ќе биде гостин на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола. За своите два кратки филма тој е добитник на престижните награди „Златна палма“ во Кан за „Арена“ (2009) и „Златна мечка“ во Берлин за „Рафа“ (2012).

„Браќа Манаки“ ќе биде вториот фестивал каде ќе биде прикажан неговиот прв долгометражен филм „Планина“─ веднаш по светската премиера на Филмскиот фестивал во Венеција. Со филмот „Планина“, на 19 септември ќе биде отворена програмата „Нов европски филм“ што се воведува годинава на фестивалот во Битола. На 20 септември, во 12 часот, ќе има и средба „Разговор со…“ во Малата сала на Центарот за култура.

На филмот „Планина“, 31-годишниот Салавиза соработува со директорот на фотографија Васко Вијана, кој за филмот „Рафа“, во 2012 година, ја доби наградата „Мала златна камера 300“ во Битола.

─ Филмовите на Вијана импресионираат со едноставната структура и живата презентација на „малите“ секојдневни проблеми во животот. Во нив Лисабон не е сјајното место што го гледаме на туристичките реклами туку во најголем фокус е предградието на Лисабон. Во сите негови филмови главните актери се тинејџери кои имаат проблем со слободата, а Салавиза е филозофот што покажува дека понекогаш луѓето што се на слобода се помалку слободни од оние со ограничена слобода. Во соработката со Вијана, Салавиза создава и повеќе од интелигентен визуелен свет заради што ни е повеќе од чест што гостува во програмата „Нов европски филм“, вели селекторот на програмата, Дејан Трајкоски.

Би можело да ве интересира

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ

MINТ Fintech Group – сребрен партнер на Интернационалниот фестивал на филмската камера Браќа Манаки

Предраг Петровиќ

Со премиера на „Домаќинство за почетници“ почна Фестивалот „Браќа Манаки“

Лабина Митевска е годинашна добитничка на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“

Мони Дамевски реизбран за директор на фестивалот „Браќа Манаки“

Претседателот Пендаровски ја додели наградата Златна Камера 300 за животно дело на Ентони Дод Ментл

Ана Ололовска