Британската танцова група за лица со попреченост на Анџелина Алесендре „Ларондина танцова група“ по втор пат од 5 до 10 октомври ќе настапува во Македонија.
Посетата на групата е во организација на Британската амбасада во Македонија, Хелсиншкиот комитет за човекови права и Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби.
Според Вероника Гарет, жената на британскиот амбасадор во Македонија, „Ларондина танцова група“, која е составена од 11 професионални танчери по класичен балет, претставува одличен пример за можностите на лицата со посебни потреби.
Таа посочи дека настапот на „Ларондина танцова група“ има за цел се даде пример на луѓето од Македонија што е можно со децата со посебни потреби, да се покаже, како што рече, дека тоа не е пречка и да бидеме видливи и покажеме што е можно, наместо што не е можно.
Во рамки на посетата од 5 до 10 октомври, освен претстави, предвидени се и неколку работилници за правата на лицата со посебни потреби со акцент на нивните можности, наспорти ограничувањата, во повеќе училишта во Скопје и Битола. Предвидено е со свој перформанс да се претстави и македонската танцова група „Dancers united“, со силен акцент на инклузивна танцова програма во поранешното Кино Вардар во Скопје.
„Ларондина танцова група“ е основана пред повеќе од 20 години од Анџелина Алесендре и има настапувано во Обединетото Кралство, Русија, Америка, Франција и други земји. Групата има за цел да ги зближи наставниците од Европа и пошироко во Лондон и да ги обучува за посебни методи кои се користат за двократна училишна агенда со цел отркивање на уметничките таленти скриени на лицата со попреченост.