Кумановскиот музеј освои две награди на Фестивал во Созопол

Од:

НУ Музеј Куманово освои две награди на 10. Меѓународен фестивал на Музеите, кој од 4 до 10 јули се одржа во Созопол, Бугарија.

Со ревијата „Модните трендови и култура на живеење од ала франга до современата мода“, Кумановскиот музеј ја освои наградата за нестандардни форми, како и специјална награда која ја доделува стручното жири.

Директорката на НУ Музеј Куманово, Анита Цветановска на денешната прес-конференција рече дека Кумановскиот музеј е единствената установа која ја презентираше Македонија со поддршка на Министертвото за култура на овој Фестивал, на кој учествуваа 24 држави од светот.

На Фестивалот, објасни Цветановска, била прикажана некогашната мода од кумановско корзо, во реализација на кустос етнолог Анита Ѓорѓијоска, но и креациите инсипирирани од староградската мода од модниот дизајнер Александар Рашковиќ и рачно избработениот накит од дизајнерот Филип Митевски.

– Го освоивме првото место во категоријата на нестандардни форми, а потоа ја зедовме и специјалната награда за самиот проект „Ала франга“ за кој навистина беа воодушевени сите и жирито и учесниците, истакна Цветановска.

Виш кустос етнолог Анита Ѓорѓијоска од НУ Музеј Куманово, посочи дека на овој начин пред пошироката јавност се презентираат дел од експонатите на градската носија.

– Успешно прикажавме дел од нашето културно наследство надвор од Македонија, рече Ѓорѓијоска.

За дизајнерите Рашковиќ и Митевски учеството на овој фестивал преставува можност за идна соработка со дизајнери од други држави.

– Освен кај стручната јавност презентирањето на овој проект побудило интерес и кај пошироката публика во Созопол, рече дизајнерот Рашковиќ.

Наградениот проект идната година ќе го отвори овој Фестивал, а од НУ Музеј Куманово информираа дека ќе учествуваат со други проекти во натпреварувачкиот дел.

Би можело да ве интересира

Турскиот музеј прогласен за најдобар во светот

Врв на стрела од бронзеното време направен од материјал кој не е од оваа планета

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тенкови и хеликоптери „војуваат“ во Црвеното Море, фронтот на дното е покриен со корали

Со изложба одбележан Денот на музеите во Штип

Ана Ололовска

Бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство

Ана Ололовска

Бесплатен влез во музеите и археолошките локалитети

Ана Ололовска