Кумановскиот музеј доби речиси 4 милиони денари за реализација на проекти за годинава

Од:

Министерството за култура одобри средства за реконструкција на Меморијалниот Центар АСНОМ, соопштија денеска надлежните од Музејот во Куманово.

Освен средства за оваа инвестициска дејност, одобрени се вкупно 3.965.000 денари за проектите кои ќе ги реализира установата. Ова се повеќе пари споредено со минатата година за реализација на бројни проекти за кумановскиот музеј.

– Лани имавме 1.658.000 денари одобрени средства за сите проекти, а оваа година имаме одобрено 3.965.000 денари, или разликата е 2.306.000 денари што пред нас е една голем обврска, меѓутоа Музејот има капацитет и ќе ги реализираме сите проекти, изјави директорот на кумановскиот музеј, Богдан Таневски.

За издавачка дејност, за оваа година предвидени се два проекта, Музејски гласник број 12 и Монографија за Трајко Муфтински, академски сликар и зоограф. За нив се одвоени 200.000 денари. Од ликовна дејност за оваа година Музејот ќе реализира пет самостојни изложби, изложба на дела од ликовна колонија од минатата година, изложба на кумановски ликовни уметници 2020, вкупно десет проекти за кои се одвоени 655.000 денари. И годинава ќе се одржи повеќедецениската колонија „Куманово2020“.

– Оваа година Министерството за култура ни одобри инвестиции и тоа за реновирање на Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, 1.350.000 денари, за што досега имаше потреба, оваа година ќе направиме санација таму. Годинава, на локалитетот Кокино исто така ќе работиме. Од Министерството за култура одобрени се 60.000 денари, а во соработка со невладината организација „ЛАГ АБЕР2015“ тие конкурираа во Министерство за земјоделство, одобрени им се за заштита односно поставување на ограда и еден видиковец на локалитетот. Наша обврска е да платиме ДДВ за таа завршена работа. Покрај тоа, од француската амбасада има средства за уредување, односно поставување на информативни табли на локалитетот, одржување на веб-страница и други активности што се поврзани со самиот локалитет, најави Таневски.

За музејска дејност и заштита Министерството одобрило 25 проекти за сите одделенија, како што е археологија, етнологија, историја на уметност.

– Решението, односно Предлог-програмата треба да оди на усвојување на Управен одбор во рок од 15 дена. Треба да се донесе одлука, која ќе биде проследена до Министерството за култура, дури потоа министерот ќе ни испрати договор со кој ќе го потпишеме, Министерството за култура и институцијата Музеј Куманово, изјави директорот на установата, Богдан Таневски.

Би можело да ве интересира

Турскиот музеј прогласен за најдобар во светот

Врв на стрела од бронзеното време направен од материјал кој не е од оваа планета

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тенкови и хеликоптери „војуваат“ во Црвеното Море, фронтот на дното е покриен со корали

Со изложба одбележан Денот на музеите во Штип

Ана Ололовска

Бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство

Ана Ололовска

Бесплатен влез во музеите и археолошките локалитети

Ана Ололовска