Кумановската библиотека „Тане Георгиевски“ организира мини саем на книгата

Од:

Кумановската библиотека „Тане Георгиевски“ со издавачката куќа „Матица Македонска“ организира мини саем на книгата пред влезот на јавната општинска установа, информираа денеска надлежните од библиотеката.

Граѓаните ќе можат да се снабдат со најнови изданија и најбарани наслови со специјални намалувања и саемски попуст од оваа издавачка куќа и издавачките куќи „Лагуна“ и „Вулкан“.

– Оваа е убава можност за љубителите на книгата да се снабдат со книги, да ја збогатат домашната библиотека по промотивни саемски цени, изјави директорот на кумановската библиотека, Мајран Петковски.

Саемот завршува во сабота.

Кумановската библиотека изминатиот период организираше мини саеми на книга со повеќе издавачки куќи, а според најавите на одговорните, ќе продолжи да организира и во наредниот период. Мини саемите се во насока на популаризација на читањето, особено во овој период пред традиционалното одбележување на Месецот на книгата, меѓу нив промоции на книги од домашни автори, литературни читања и трибини, часови со писатели.

Би можело да ве интересира

Интерактивна работилница за гатанаките во Градската библиотека во Скопје

Ана Ололовска

Кампања „Читаме современи македонски автори“

Ана Ололовска

Втор форум на библиотечната унија на земјите од централна и источна Европа и Кина

Ана Ололовска

Втор форум на библиотечна унија на земјите од ЦИЕ и НР Кина

Ана Ололовска

Празнична изложба на книги во Битолската библиотека

Ана Ололовска

Празнична изложба на книги во Битолската библиотека

Ана Ололовска