Културно-едукативен хепенинг на локалитетот Кокино

Од:

Културно-едукативен хепенинг „Кокино-тврдина на Сонцето“ ќе се реализира денеска на мегалитската опсерваторија Кокино. Организатор е продукцијата „Пасворд“.

Хепенингот е во рамки на проектот на Владата и Министерството за култура „Кокино-македонски бренд“ и има хуманитарен карактер. Сите донирани средства од посетителите ќе бидат наменети за жителите од поплавените подрачја.

Министерството за култура информира дека како дел од програмските активности, кои ќе почнат во 17 часот, за посетителите ќе бидат организирани едукативни тури до опсерваторијата. Ќе се одржат и повеќе работилници за керамика, филигран, компостирање, оригами, а паралелно ќе се одвиваат и предавања од областа на астрономијата.Кокино проект мала сликаВечер со почеток во 19 часот ќе се одржи поетско читање. Во музичкиот дел ќе настапат Мухамед Ибраими, Фолтин и Кирил Џајковски. Хепенингот планирано е да заврши околу полноќ со проекција на краткометражни филмски проекции во рамки на кино под отворено небо.

Претходно, како дел од четиригодишниот проект „Кокино–македонски бренд“, кој е во насока на промоција и афирмација на првото регистрирано планинско светилиште од бронзено доба на територијата на Република Македонија беа реализирани повеќе настани. Во Археолошкиот музеј на Македонија беше одржан Меѓународниот научен симпозиум на тема „Кокино – археолошки и астрономски аспекти – паралели и искуства“ и изложба на фотографии од локалитетот Кокино, видени низ објективот на еден од најистакнатите македонски фотографи Љупчо Илиевски. Музејот во Куманово ја реализираше изложбата „Кокино – тврдина на Сонцето“ на која беа презентирани околу 150 артефакти откриени за време на археолошките истражувања на овој локалитет.

Според НАСА, Кокино се наоѓа на високото четврто место на најстарите опсерватории во светот.

Би можело да ве интересира

Мултимедијалниот фестивал „Кокино – Тврдина на Сонцето“ со тридневна програма

А1он

Пожарот кај Кокино ставен под контрола, жаришта има во месноста „Кокински дол“

Европски денови на културно наследство во Куманово со посета на Кокино и едукативни работилници

Ана Ололовска

Волонтери на Црвениот крст на летен камп во Кокино

Наум Локоски

Проект за научно афирмирање на Кокино одобрен од УНЕСКО за НУ Музеј Куманово

Ана Ололовска

Изложба за Кокино и промоција на поетски избор од македонски автори

Ана Ололовска