Пожарот кај Кокино ставен под контрола, жаришта има во месноста „Кокински дол“

Од:

Пожарот кај Кокино е ставен под контрола, но противпожарните служби од Старо Нагоричане утрово информираат дека нивни екипи се упатуваат кон непрооден пат на уште три жаришта во месноста „Кокински Дол“ каде не може да се интервенира со возила, ниту пак има пристап со лесни возила.

– Во моментов наши екипи и и припадници на Армијата се упатуваат кон овие три жаришта. Цела ноќ, екипите се на терен, делумно е локализиран пожарот-изјави командирот на противпожарната единица, Далибор Трајковски.

Екипите на противпожарната единица на Старо Нагоричане, со поддршка на пожарникарите од Куманово, Скопје, Ранковце, припадници на шумското стопанство, припадници на Армијата на МВР, на ДЗСИ мештани цела ноќ го гасеа пожарот кај Кокино во кој беше зафатена поголема површина на борова, дабова и нискостеблеста шума. Пожарот почна да се шири на 1. август во попладневните часови. Вчера во текот на денот во гасењето беше вклучен и хеликоптер на Армијата. Претходно беа и евакуирани и жители.

Во кумановско, целосно е изгаснат пожарот во Мургаш и Пезово, екипите села ноќ го гаселе пожарот кој е видлив од источната страна на Куманово.

Во моментов има пожар од другата страна на ридот кој е префрлен во атар на село Бељаковце каде што гори нискостеблеста дабова шума, пративме екипа и на тој реон, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

Би можело да ве интересира

Даг Форд му одговара на Трамп: Апсолутно е неприфатливо, еден ден ние ќе ви требаме

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

САД: 50 милиони луѓе погодени од временски непогоди и чад од шумски пожари во Канада

Пожар во Норвешка уништи повеќе од 100 куќи, огнената стихија е надвор од контрола

ЦУК: Пет пожари на отворено во државата до 13 часот, три сѐ уште активни

ЦУК: Активен e пожар во кичевското село Србица, пожарот во селото Бајково e под контрола