Големиот државен празник Денот на независноста – 8 Септември, се одбележува со низа пригодни манифестации, меѓу кои и изложби и отворени врати на културните установи, музеи и галерии низ целата Република.
Денеска, од 11:00 часот до 20:00 часот граѓаните бесплатно ги посетуваат во Скопје: Археолошкиот музеј, НУ „Музеј на македонска борба за самостојност“, НУ„ Музеј на Македонија“, Природно-научен музеј, Музеј на современа уметност, како и Националната галерија на Република Северна Македонија.
Во Велес, граѓаните може да го посетат археолошкиот локалитет „Стоби“, во Охрид, НУ „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј куќа на Робевци“. Во Тетово, отворени се НУ „Музеј на тетовскиот крај“ и НУ „Уметничка галерија“, во Струмица „Музејот и завод Струмица“, во Битола археолошкиот локалитет „Хераклеа“, НУ „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј“, како и НУ „Музеј на албанската азбука“.
Граѓаните може да ги посетат и НУ „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј“ во Прилеп, Историскиот музеј во Крушево, Националната установа – Музејот во Гевгелија, во Штип „Заводот за заштита на културата и музеј“, понатаму во Кичево, НУ „Музеј на Западна Македонија во НОВ“ и Националната установа – Музеј во Куманово.