ВИДЕО: НАТО со честитка за Денот на независност на Македонија

Од:

НАТО Алијансата и Заедничката команда на здружени сили на НАТО во Брунсум со фотографии и видеа од македонските војници во заедничките операции, го честитаа 8 Септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија.

– Ретвитнете за да се придружите во прославувањето на нашиот сојузник Северна Македонија на Денот на независноста, објавено е на официјалниот профил на НАТО на Твитер, сега преминувана во Х.

Заедничката команда на здружени сили на НАТО во Брунсум, пак, објави видео од активностите на македонските војници со порака „Честит ден на независноста на нашиот сојузник, Северна Македонија! Погледнете го видеото за да прославиме заедно“.

Би можело да ве интересира

Москва предлага пакт со НАТО

Авиони на НАТО двапати се обидоа да соборат беспилотно летало над Литванија, но не успеаја

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници

Москва е загрижена од плановите на НАТО

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија