Културна зона на Филозофскиот факултет за денот на студентите

Од:

Во светот денеска се одбележува 17-ти ноември Меѓународниот ден на студентите. Студентската културна иницијатива „Отворен куфер“ по повод денот на студентите на Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје организира тринаесетчасовна програма.

Како што информира организацијата, која четврта година по ред го одбележува овој ден, во рамки на програмата се организира изложба на уметнички дела и ракотворби од студенти, презентација на летокот Хомо Студентус, работилници, трибини, проекција на кратки филмови, поетско читање, перформанс и концерти.

Културната зона ќе биде во форма на културен протест кој ќе ја изрази потребата за формирање студентски културен центар кој би бил јадро на студентското самоорганизирање и простор за слободно изразување на секој студент.

Покрај „Отворен куфер“, на овој настан учествуваат и Младинско филозофско друштво, „Психеско“ – прво македонско здружение на студенти по психологија, како и голем број студенти кои самостојно се вклучија во организацијата и реализацијата на овој настан.

– Традиционалното одбележување на меѓународниот ден на студентите го правиме со цел да ги информираме граѓаните за историјата и важноста на овој ден и да го оживееме духот на студентското самоорганизирање, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Секоја блокада е насилство, државата ќе го избере моментот да одговори

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“