Во рамки на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ денеска ќе се одржат прес-конференции со Михаил Кричман, кинематографер во филмот „Левијатан“, и со Петер Флинкенберг, кинематографер во филмот „Бетонска ноќ“.
Ќе се одржи и третата балканска конференција на директори на фотографија – во соработка со ИМАГО, како и работилница „Кинотечни искуства во дигиталната реставрација“.
За вечер е предвиден перформансот „Катлин“ на авторите Вук Митевски и Гокџен Ергене.