Кореографката Рисимкин на Биенале на уметноста во Тулуз

Од:

На покана на Францускиот институт од Париз, во соработка со Францускиот институт од Скопје, кореографката Рисима Рисимкин е поканета на Биеналето на уметноста во Тулуз во Франција, каде што престојува од 3 до 6 октомври. Таа ќе има можност да ги сподели искуствата на современата сцена кај нас и да договори гостувања на уметници од Франција и на наши уметници надвор од државава.

– Биеналето се занимава со „живата уметност“ и се одржува на повеќе локации низ градот во периодот од 24 септември до 12 октомври 2019 година, во организација и соработка на триесет уметнички партнери од областа на современата култура. Во рамките на делот за професионални уметници и културни работници, има повеќе од двесте учесници-гости од Франција, Австрија, Шведска, Унгарија, Чиле и други земји, изјави Рисимкин.

Во рамки на престојот Рисимкин ќе има и состаноци со уметници од областа на современиот танц, современиот циркус, музика и визуелни уметности, со што ќе се овозможи интернационален пласман на проектот „Инкубатор”, кој културниот центар „Интерарт“ го реализира во изминатите две години. Рисимкин ќе ја претстави и работата на Скопје танцовиот театар, кој следната недела ќе ја почне новата, деветта сезона, како и работата на „Танц фест Скопје”

Би можело да ве интересира

Скопје ќе пречека стотици танчери в сабота на голем меѓународен танцов напревар

„Импулс“ – претстава на студентите од прва и втора година на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Започнуваат со работа програмите од втор циклус студии на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Премиерна изведба на „Парадоксот на Диоген“ во МКЦ

Ана Ололовска

Почнува седмото издание на „Битрикс танцова лига“

Скопје танцовиот театар ја отвора сезоната со танцов перформанс и филм

Ана Ололовска