Конзервација на фрескоживописот во црквата „Св. Спас“ во Штип

Од:

Во црквата „Св.Спас“ во Штип во тек е реализацијата на првата фаза од конзервацијата на фрескоживописот, проект предвиден во Програмата за заштита на културното наследство на Министерството за култура.

Стручните служби на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Штип во рамките на првата фаза, што е предвидено да заврши до крајот на годинава, ќе извршат препокривање на црквата заради превентива од влага, по што ќе се изврши чистење на живописот кој датира од 14 век и 17 век, како и консолидација на фреските во горната зона.

Со реализацијата на втората фаза ќе се изврши ретуширање на оштетените делови во црквата, а целосната реализација на проектот се очекува во текот на 2015 година.

Фрескоживописот во црквата „Свети Спас“ претставува извонредна творба на живописување на црквите од тој период, а како сликар на фрескоживописот кој се одликува со исклучителни тонски квалитети, се јавува зографот Јован, соопшти Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Детали за убиството во Штип: Убиецот ја викнал жртвата за да се смират, пиштолот го купил во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Уапсен е убиецот кој вчера пукаше во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

Почина студентот од Турција кој беше застрелан синоќа во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се трага по напаѓачот од штипското кафуле кој и побегна на полицијата кај Миладиновци

Катерина Ѓуровски

Пукање во Штип, едно лице е повредено на градскиот плоштад во Штип

Предраг Петровиќ

Пеце Ристевски назначен за в.д. директор на штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов“

А1он