„Конекција 2“ со девет македонски уметници гостува во Русе

Од:

Во Галеријата на Друштвото на ликовни уметници на Русе, Бугарија, вечер ќе биде отворена изложба на девет македонски ликовни уметници, кои се составен дел од ликовната концепција „Конекција 2″ – иницирана од Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија.

По успешното претставување претходниот месец во Софија, „Конекција 2“ продолжува со серија изложби низ повеќе градови во Бугарија.

Македонските автори во Русе ќе се претстават со над 70 дела: графика, масла на платно, скулптури и дела изработени од метал.

Покрај досегашните учесници во овој проект, ликовните уметници Марјан Ѕин од Струмица, Иво Пецов од Виница, Адриана Јованоска од Прилеп, Зоран Мише и Павел Целкоски од Охрид, Иван Стоименов од Скопје и Горан Тричковски од Делчево, изложбата вечер ќе ги вклучи и Слободан Милошески од Кичево, докторанд по скулптура на Националната ликовна академија во Софија, и Јорданчо Ристовски од Крива Паланка, кој на оваа софиска академија е магистер по сликарство.

Изложбата во Русе ќе биде отворена до 18 март. Поддржана е од Министерство за култура на Република Македонија, а вечер ќе ја отворат директорот на КИЦ на РМ во Софија Васко Шутаров и претседателот на Друштвото на ликовните уметници на Русе, Георги Пасев.
Гостувањето во Русе е во рамки на два јубилеја – 10 години ан КИЦ на РМ во Софија и 70 години во на Друштвото на ликовните уметници од Русе.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“