Kонцертот на пијанистот Максим Мрвица на „Охридско лето“ на 26. јули

Од:

На 26. јули во Античкиот театар, во рамки на фестивалот „Охридско лето“ македонската публика првпат ќе има можност да посети концерт на светски познатиот пијанист од Хрватска Максим Мрвица, кого го нарекуваат „пијанистичкото чудо од Шибеник“ кој молскавично ја освои меѓународната сцена.

Влезниците за концертот на Мрвица во Охрид се веќе достапни во продажба, по цена од 600, 800 и 1.000 денари, во зависност од распоредот на седење.

– Максим Мрвица е музички талент кој на 11-годишна возраст го одржал својот прв концерт како солист со оркестар, а речиси 30 години подоцна  важи за еден од најпознатите светски пијанисти и најпродаваниот кросовер пијанист во светот, кој зад себе има 10 студиски изданија, распродадени во повеќе од два милиони примероци во повеќе од 57 држави во светот, достигнувајќи златна и платинеста продажба. Неговите песни остварија и над 60 милиони посети на „јутјуб“ каналот. Потврда за неговиот извонреден талент се и крунисувањата со бројни меѓународни признанија. На 15 години веќе успеа да ја освои првата награда на државното натпреварување во Загреб, а потоа следуваше и освојувањето на првата награда на меѓународниот пијанистичкиот натпревар „Рубинштајн“ во Париз и првата награда на натпреварувањето „Понтуаз“ во Франција, соопшти „Пасворд продукција“.

Кон врвот на пијанистичката кариера, значаен е и образовниот пат на Максим Мрвица кој од студиите на музичката академија во Загреб, своето музичко образование понатаму го стекнал и на конзерваториумот „Ференц Лист“ во Будимпешта, во „Ecole National des Musique“ и  конзерваториумот „Alexander Skrjabin“ во Париз.

Покрај неизмерливиот талент, тој е познат и по својата исклучителна харизма. Неговиот посебен моден стил го доведе и до соработка со неколку водечки модни куќи како што се „Долче и Габана“ во Токио и „Кристијан Диор“ во Париз. Во 2004 година Максим беше прогласен и за најдобро облечен маж во светот од страна на списанието „Vogue Homme“ во Тајван. Во 2010 година тој беше поканет од модната куќа „Армани“ да настапи на повеќе гала настани за  ВИП клиентите на Армани.

Би можело да ве интересира

„Охридско лето“ на годинешното Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма

Музичка вечер на „Охридско лето“ со концертот на професионалниот мешан хор „Про Арс“

Вечер на Украина во рамките на „Охридско лето“ со пијанистот Алексеј Ботвинов

Црногорскиот виртуоз на виолина Роман Симовиќ на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ пијано рецитал на Френк Дупре и претставата „Ана Каренина“ на Театарот од Нови Сад

Предраг Петровиќ