Концерт во сеќавање на Стела Слејанска-Стојаноска

Од:

Во концертната сала на Музичката академија во Штип вечер ќе се одржи концерт во сеќавање на македонската пијанистка, универзитетски професор Стела Слејанска-Стојаноска, која е меѓу основачите на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Покрај концертот ќе биде промовиран и документарен филм. Настанот го организира  Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и семејството.

На концертот ќе настапат дел од учениците кои под менторство на Слејанска-Стојаноска влегоа во светот на сериозната музика: Татјана Џорлева, Ангеле Михајловски, Сашка Панева и Христо Стојаноски.

– Со своето активно присуство на музичките сцени и фестивалски манифестации низ државава и во повеќе земји низ Европа и светот, Слејанска-Стојаноска беше етаблиран пијанист со силна репродуктивно-творечка имагинација и индивидуалност во интерпретацијата, наведуваат организаторите.

Од 2001 година Слејанска-Стојаноска беше член на Европското друштво за култура со седиште во Венеција, како и член на асоцијацијата „Музиката и уметноста во Европа“ – Париз. Добитник беше на голем број домашни и меѓународни награди и признанија, меѓу кои Орден за заслуги од областа на културата од Претседателот на Република Франција – „Витез од редот на академските палми“ во  2006 година.

Слејанска-Стојаноска почина во август минатата година, а овој концерт веќе втора година се одржува во нејзин спомен, на денот на нејзиниот роденден.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Детали за убиството во Штип: Убиецот ја викнал жртвата за да се смират, пиштолот го купил во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Уапсен е убиецот кој вчера пукаше во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

Почина студентот од Турција кој беше застрелан синоќа во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се трага по напаѓачот од штипското кафуле кој и побегна на полицијата кај Миладиновци

Катерина Ѓуровски

Пукање во Штип, едно лице е повредено на градскиот плоштад во Штип

Предраг Петровиќ

Пеце Ристевски назначен за в.д. директор на штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов“

А1он