Концерт на српскиот пијанист Александар Маџар на „Охридско лето“

Од:

Првата половина од годинАшното фестивалско издание „Охридско лето“ ќе биде заокружено со настан од музичката програма, вечерашниот концерт на српскиот пијанист Александар Маџар во прекрасната акустика на катедралната црква „Света Софија“.

Александар Маџар со пијаното се запознава уште на шестгодишна возраст под менторство на Гордана Малиновиќ, а подоцна се усовршува кај Арбо Валдма, Елисо Вирсалаѕе и Даниел Блументал во Нови Сад, Белград, Москва и Брисел.

Своето деби го доживува во 1990 година со настапот заедно со Берлинскиот филхармониски оркестар под водство на Иван Фишер. Оттогаш редовно одржува рецитали, солистички и камерни концерти низ Европа во соработка со познатите Андре Превин, Марчело Виоти, Паво Арви, Андрис Нелсон и многу други значајни имиња од музичката литература. Неговите турнеи опфаќаат и настапи на музичките сцени надвор од Европа, и тоа во Америка, Јужна Африка, земји од истокот и Австралија.

Добитник е на повеќе награди на натпревари во Женева, Лидс, како и на престижните интернационални пијано натпревари „Феручо Бузони“ и „Умберто Мичели“. Во моментов работи како професор на Кралскиот фламански конзерваториум во Брисел.

На програмата на оваа 20-та фестивалска вечер се избрани дела на Хајдн, Чајковски/Плетњев, Брамс и Шопен.

Би можело да ве интересира

Француска вечер 17 години присутна на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од Љупчо Јолевски

На „Охридско лето“ вечерва симфонискиот оркестар од Црна Гора и нашата пијанистка Нина Костова

Предраг Петровиќ

Отворено 64. издание на фестивалот „Охридско лето“

„Охридско лето“ на годинешното Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма