Концерт на Македонската филхамонија во МОБ

Од:

Македонската филхармонија вечер во Македонската опера и балет ќе одржи концерт насловен „Б на квадрат“.

Под палката на маестро Емил Табаков од Бугарија, како солист ќе настапи младиот пијанист од Швајцарија, Тео Георгиу, кој ќе го изведе познатиот виртуозен Концерт за пијано и оркестар бр. 3 од Лудвиг ван Бетовен.

Георгиу го привлече вниманието на критиката и публиката  уште кога на само 12-годишна возраст ги освои првите награди на меѓународните пијано натпревари во Сан Марино и Вајмар, а денес е нарекуван спектакуларен пијанист кој настапува со врвни симфонски оркестри.

На програмата на концертот „Б на квадрат“ е и грандиозната Четврта симфонија на австрискиот композитор Антон Брукнер наречена „Романтична“, која се смета за второто колосално дело посветено на природата, покрај Шестата „Пасторална“ симфонија на Бетовен, но и за првото негово симфониско ремек-дело. Брукнер на него работел цели шест години, а во целина симфонијата може да се протолкува како „романтика на шумата“, како приказ на религиска, космичка смисла на природата.

Инаку, Македонската филхармонија со овој концерт се придружува кон одбележувањето на 30 години од смртта на славниот хрватски маестро, диригентот Ловро Матачиќ (1899-1985), кој остави силни траги на македонската музичка сцена, особено во работата со оркестарот на првата музичка институција во земјава, во почетоците од нејзиниот развој.

Би можело да ве интересира

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска