Концерт на „Фолтин“ на третото издание на „Скопје креатива“

Од:

Македонските музички амбасадори, групата „Фолтин“ утревечер во Универзалната сала ќе одржат целовечерен концерт по повод третото фестивалско издание на проектот „Скопје креатива“.

Ексклузивно на годинешното издание на фестивалот, ќе бидат промовирани десетици нови производи и услуги од областа на креативните индустрии, а како куриозитет на програмата е првата андроид туристичка апликација за Скопје, насловена „SKOPJE TO GO“ (SK2GO), која ќе биде достапна за сите странски туристи кои ќе доаѓаат на посета во нашиот град.

Исто така ќе биде промовирана и првата македонска картонска игра, насловена „Планетата Ерида“, како и официјалниот софтвер за регистрација на креативниот потенцијал во нашиот град и земја, во таканаречена форма на „База на податоци“.

Презентацијата на сите производи ќе започне во 10:00 часот, додека официјалното отварање ќе биде вечерта.

Влезот е бесплатен и отворен за сите.

Би можело да ве интересира

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Проектот „Простор за разговор“ за јакнење на родовата еднаквост на културната сцена во шест градови

Концерт на познатиот „Хрватски гитарски квартет“ во Скопје

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Тројца истепани во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје