Концерт на дуото Ана Гацева и Татјана Џорлева во Велес

Од:

Во организација на Музичкото училиште „Стефан Гајдов“ синоќа во Ликовниот салон во Велес се одржа концерт, прв од мини турнејата на дуото пијанистки на пијано, Ана Гацева и Татјана Џорлева.

Тие настапија со популарни композиции од Жорж Бизе со „Детска игра“ и од Антонин Дворжак.

Двете пијанистки заедно за првпат настапиле во 2004 година, а концертот е второ нивно заедничко претставување.

Тие истакнаа дека е прекрасно чувството да се свири во дуо и оти имале прекрасна атмосфера на концертот.

– Исто дишиме и да ја восприемиме оваа музика, овие дела кои се ретко изведување на сцените во Македонија, изјави Ана Гацева.

Таа додаде дека овој и следните концерти и ги посветуваат на нивната професорка по пијано Стела Славјанска, која починала пред една година.

Според нивниот колега Илија Настовски, кој е професор по пијано во Музичкото училиште во Велес, концертот бил вистинско уживање во една сјајна и вешта изведба на познатите француски класици.

– Со извонреден пијанистички колорит креација, полна со динамична еластичност со спектар на ритмичко-фолклорни чувствувања и ретка музичка инспирација, делата на Бизе и Дворжак на еден поинаков на нив својствен начин на изведба допреа до срцата на љубителите на клисиката и им приредија еден час вистинско уживање, оцени Настовски.

Двете пијанистки во четврток ќе настапат во Кочани, на 13 ноември во Штип, а завршниот концерт ќе биде на 24 ноември во Скопје.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Велес

Планинарот Пецевски по кој се трагаше е пронајден мртов

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Велешанец е најден мртов во неговиот двор со траги од крв по главата

Жена со автомобил удри во малолетник и избега

Арамија од куќа во Велес украде пари и мобилен телефон