Гудачкиот камерен оркестар „Арко“, Мандолинскиот оркестар „Скопје“ и рок бендот WHY NOT, под диригентската палка на Ерхан Шукри, вечер во Македонската опера и балет ќе одржат концерт насловен „Classica VS Classica“.
Концертот ќе биде спој на класиката во оперската, балетската и театарската уметност со класиката во поп и рок музиката. Ќе бидат изведени оперски арии, оркестарски и балетски нумери, како и поп и рок нумери од познати пејачи и култни групи кој оставиле свој белег во полето на музиката.
Како солисти ќе настапат Ивана Здравкова – сопран, Марика Толевска – мецосопран, Христо Арсовски-тенор, Николина Јаневска-мецосопран, Горан Начевски – баритон, Владимир Саздовски-бас, Момчило Куфојанакис-виолина, Лазар Сандев-Мандолина, ученици од основниот балетски оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, и неколку актери. На сцената ќе настапи и финалистот од шоуто ИКС ФАКТОР, Боби Мојсовски и најмладиот улесник Трајче Георгиев, финалист од шоуто „Пинкови ѕвездички“.