Ко Ун ќе биде прогласен за почесен член на Друштвото на писатели на Македонија

Од:

Добитникот на наградата „Златен венец“ на Струшките вечереи на поезијата, истакнатиот корејски поет Ко Ун, ќе биде прогласен за почесен член на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ).

Одлуката за прогласување на Ко Ун за почесен член ќе ја соопшти претседателот на македонската писателска асоцијација Веле Смилевски, а за творештвото на истакнатиот корејски поет ќе зборуваат Мите Стефоски, директор на СВП, и Славе Ѓорѓо Димоски, претседател на Управниот одбор на струшкиот поетски фестивал.

На средбата што ќе се одржи утре во Домот на македонските писатели во Скопје, венцоносецот Ко Ун ќе им се обрати на љубителите на поетскиот збор кои ќе имаат можност непосредно да се запознаат со неговото творештво.

Би можело да ве интересира

Учество на македонски писатели на фестивалот „Словенска слова” во Црна Гора

„Во име на новото“ во ДПМ

Ана Ололовска

ДПМ на вонреден пленум ќе побара одговорност доколку не се отстранат пропустите во Министерството за култура

Ана Ололовска

ДПМ: Македонскиот јазик има дијалекти, но не е никаков и ничиј дијалект

Конкурс за традиционални годишни награди на ДПМ

Ана Ололовска

„Празник на липите“ и врачување на наградите „Книжевен жезол“ на ДПМ

Ана Ололовска