Книжевна вечер на поетот Маџиров со учениците од СОУ „Димитар Влахов“ од Струмица

Од:

Средношколците од СОУ „Димитар Влахов“ од Струмица беа дел од книжевната вечер со поетот Никола Маџиров. Настанот „Прочитав јас, прочитај и ти“ го организира активот на професори по македонски јазик и училишната библиотека во рамки на проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“.

– Посебна е честа меѓу нас да биде најголемиот амбасадор на македонската поезија во светот, Никола Маџиров. Човекот за кого критиката ќе запише дека е генијалниот поетски глас од Балканот, поетот чија песна „Кога некој заминува“ е дел од 50-те најдобри љубовни песни во минатите 50 години што ги објави британскиот весник Гардијан, рече проф.д-р Ана Рингачева Витанова.

Поетот Маџиров истакна дека посебно е чувството кога на својот мајчин јазик, па и дијалект, во ваков формат, може да разговара за поезијата и за книжевноста воопшто.

– Струмица е местото од кое тргнав и во кое ќе се вратам. И да се зборува на сопствениот јазик, па и дијалект, нуди посебни емоции. Всушност тука се темелите на она што го пишувам. Спомените се конзервирани, од улиците кои сум ги поминувал како дете, циклусите на менување во паркот, на ридот. Единствено во сонот и книжевноста човек може без страв да патува во времето, без да мисли дека руши некаква официјална историја и дека е фалсификатор на нечиј личен или општ развој, рече Маџиров.

На учениците, љубители на пишаниот збор, Маџиров во едночасовниот разговор, им објасни и како, како вљубеник во математиката, тргнал кон метафизиката. Зошто, како што рече, во математиката делењето значи намалување, а во книжевноста делењето и споделувањето значи умножување.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска