Во Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе се одржи портрет на рускиот поет Сергеј Главјук.
За творештвото на Главјук ќе зборуваат Веле Смилевски, Братислав Ташковски и Олга Панкина.
Главјук и е познат на македонската читателска публика по книгите „Агли“ и „Старата монета“ кои се објавени во превод од руски од Гане Тодоровски. Главјук е составувач и на десеттомната антологија „Словенските поезии на 20 и 21 век“ во која првиот том од 500 страници е посветен на македонската поезија.
Добитник е на македонското признание „Златно перо“ за успешно презентирање на творештвото на македонски автори на руски јазик. Главјук е почесен член на Друштвото на писателите на Македонија.