Книжевен портрет на Ерол Туфан во Градската библиотека во Скопје

Од:

Вечер, 25 октомври, вторник, во 19 часот во спомен-собата „Т’га за југ“ во ЈУ Градска Библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, ќе се одржи Книжевен портрет на поетот, есеист, преведувач и препејувач Ерол Туфан. За творештвото на Туфан ќе говори поетесата и издавач Јулијана Величковска, модератор на настанот ќе биде Александра Јуруковска.

Ерол Туфан е роден е во Гостивар, Македонија, а живее и работи во Истанбул, Турција. Неговото творештво е меѓу овие две оски, секогаш меѓу двете култури, меѓу двата јазика, меѓу два града, меѓу Вардар и Босфор.

Туфан, освен автор, е и посветен читател, искрен вљубеник во убавото. За него поезијата е врвна уметност, врвен облик на човековата креација. Тој ја пишува, но исто толку посветено и ја чита, преведува, препејува, памети. Поезијата е присутна и во неговите есеизирани текстови, во кои многу често се осврнува на најголемите умови од областа на филозофијата, ликовната уметност, музиката и литературата. Пишува на македонски, турски и српски јазик. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, Удружење књижевника Србије и Вакуфот на турските писатели.

Ерол Туфан студирал право во Скопје на УКИМ и во Коња на Селчук Универзитетот. Од 1999 е самостоен адвокат во Истанбул. Во 2006 година во Скопје ја објавил книгата есеи „Книгољубецот“ која доживува второ издание во 2011 година. Истата е објавена под ист наслов и во Белград во 2017 година. Поетските книги „Балкански син“ (2013) и „Камчето од Вардар“ (2016) објавени се во Скопје, додека пак нивната синтеза под наслов „Ерол трагом Ерола“ е објавена во 2016 во Белград. Во 2020 во Скопје објавил книга есеизирани поетизации насловени „Несоници“.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска