Ќе се враќа постапката за стекнување лиценца за лектор

Од:

Владата на вчерашната седница го усвои предлогот за именување и дополнување на Законот за употреба на македонскиот јазик, со кој се враќа постапката за стекнување лиценца за лектор, прекината во 2013 година.

Со Законот за употребата на македонскиот јазик, кој е донесен во 1998 година, е утврдено дека службените текстови од законодавната, извршната и судската власт, локалната самоуправа, учебниците, емисиите, печатот, преводите и другите текстови наброени во овој закон – задолжително треба да се лекторираат.

Со Законот е утврдено дека лекторирањето може го да врши лице што има лекторска лиценца, што ја дава Министерството за култура, по положен испит. Со предлогот на законот се пропишуваат постапката и начинот на полагање на испитот за добивање лекторска лиценца.

Целтa на предлог-законот е создавање нормативна основа со која се пропишуваат постапката и начинот на полагање на испитот за добивање лекторска лиценца.

Би можело да ве интересира

Сиљановска Давкова: Македонскиот јазик има повеќе говорители во дијаспората отколку во татковината

Сиљановска-Давкова: Имаме должност да го сакаме, чуваме, развиваме и промовираме македонскиот јазик

СДСМ: Власта со месеци не го основа Инспекторатот за употреба на македонски јазик

Катерина Ѓуровски

Јубилеј во Битола – 80 години од првиот наставен час на современ македонски јазик

Маричиќ: Македонскиот јазик е засекогаш вграден во мозаикот на европските јазици, а ние никогаш нема да се откажеме од нашата европска иднина

A1on

Донесен Законот за употреба на македонскиот јазик кој ќе го замени досегашниот стар 25 години