Кинотеката ќе го одбележи Светскиот ден на аудиовизуелно наследство

Од:

По повод 27 Октомври – Светскиот ден на аудиовизуелно наследство прогласен од УНЕСКО, Кинотеката на Македонија денеска од 11 до 14 часот ќе ги отвори своите работни простории и депоа за јавноста.

Ќе го прикаже и филмот „Македонија во слики“ на Арсениј Јовков од 1923 година, кој е еден од најстарите и најзначајните историски филмски документи од нејзината колекција. Воведно предавање за филмот, ликот и делото на Арсениј Јовков ќе одржи Атанас Чупоски, виш филмолог во Кинотеката.

Мото под кое годинава светските филмски архиви, музеи и институции поврзани со заштитата на културно наследство го одбележуваат Светскиот ден на аудиовизуелно наследство е „Откриј, запомни и сподели“.

Кинотеката информира дека нејзини стручни лица деновиве учествуваат на меѓународната конференција за хрватското филмско наследство во Државниот хрватски архив во Загреб

Во студиото „Визије С.Ф.Т.“ во Загреб е во финална контрола дигитализираниот опус на Бранко Гапо, досега најпродуктивниот режисер во играната продукција во Македонија.

Би можело да ве интересира

Кинотеката ќе прикаже три филма со Марлон Брандо по повод еден век од неговото раѓање

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Предраг Петровиќ

„Мојот последен здив“ – промоција на автобиографијата на Луис Буњуел во Кинотека

Ана Ололовска

„Кино за млади“ во Кинотеката

Недела на италијанската кенематографија во Кинотека

Ана Ололовска

Анимирани и филмови за тинејџери во Кинотеката

Ана Ололовска