Карпошовото лето со звукот на чалгиите

Од:

Со прекрасните звуци на чалгиите на ЕЗГИА ТРИО вечерва пред околу 1.000 карпошани вљубеници во оваа петвековна музика стартуваше седмото по ред Културно лето Карпош 2014. На сцената на Амфитеатарот на Кејот на Вардар, градоначалникот Стевчо Јакимовски ја прогласи за отворена оваа традиционална манифестација од областа на културата.

-Ви посакувам, рече во пригодната реч “таткото” на Карпош, да уживате во овие 15 дена во дружењето со музиката, комедијата, танцот и сликарството. Ќе има музика зе сечиј вкус: џез, класична, поп, рок…Овие 15-тина дена нека минат релаксирано во пресрет на есента и зимата, рече Јакимовски прогласувајќи го годинашното Културно лето за отвоеено.

Потоа публуката, час и половина уживаше во чалгаџиската изведба на “По друм одам”,”Чивте, чивте пајтонлари”, “Шеќерна”,”Пара бери киселец”, “Во влашкото маало”… Културното лето на Карпош продолжува утре вечер во 19 часот со меѓународна ликовна изложба и концерт на Градскиот хор “Вардар” во Лептокарија.

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

A1on

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира