Општина Карпош по единаесетти пат од 24 до 26 август годинава ќе ја организира традиционалната културна манифестација „Карпошово лето 2018“.
Тридневната културна манифестација ќе ја води актерот Сашко Коцев. На платото во ТЦ „Лептокарија“ граѓаните ќе имаат можност да уживаат во различна и богата програма наменета за сите генерации. За најмладите ќе настапат „Златните славејчиња“ и Петко 5+ бендот.
Според прогрмата, настапи ќе имаат Дарио Панковски, групата „Нон стоп“, „The Blue Funk Individuals“, Игор Џамбазов, Гуру Харе и пријателите (Мики Јовановски Џафер и Кристина Арнаудова), фолклорно студио „Етнос“, Чалгија саунд систем, Златко Ориѓански и Бени Шаќири.
– Новата енергија и новиот дух во Карпош се чувствува од секој аспект. Од оваа причина, се решивме да им дадеме поголем простор на домашните изведувачи и артисти кои импонираат со својот талент, музикалност и мултимедијалност, соопшти општина Карпош.