Караванот на ДПМ во Велес

Од:

Поетскиот караван на Друштвото на писателите на Македонија денеска престојува во Велес, во знак на одбележување на 75 години од објавувањето на стихозбирката „Бели мугри“ од Кочо Рацин.

Во спомен – салата „Бели мугри“, во градската библиотека „Гоце Делчев“ во Велес, ќе се претстават дваесетина истакнати македонски поети од повеќе генерации.

Љубителите на поетскиот збор на оваа средба ќе имаат можност да го проследат настапот на Раде Силјан, Гордана Михаилова Бошнакоска, Ристо Јачев,  Глигор Стојковски, Кристина Николовска, Веле Смилевски, Благој Самоников, Бранко Цветкоски, Оливера Доцевска, Борче Панов, Игор Крајчев, Драгица Најческа, Трајче Кацаров, Сеида Бегановиќ, Горан Анчевски, Мирче Нешовски, Павлина Климкар Меанџиева и Димитар Пандев.

Караванот на Друштвото на писателите на Македонија  се организира во рамките на проектот  за дисперзија на културните настани во Македонија.

Би можело да ве интересира

Учество на македонски писатели на фестивалот „Словенска слова” во Црна Гора

„Во име на новото“ во ДПМ

Ана Ололовска

ДПМ на вонреден пленум ќе побара одговорност доколку не се отстранат пропустите во Министерството за култура

Ана Ололовска

ДПМ: Македонскиот јазик има дијалекти, но не е никаков и ничиј дијалект

Конкурс за традиционални годишни награди на ДПМ

Ана Ололовска

„Празник на липите“ и врачување на наградите „Книжевен жезол“ на ДПМ

Ана Ололовска