Поетскиот караван на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) синоќа настапи во Центарот за култура на Општина Ѓорче Петров, каде што е сместена спомен – собата на големиот поет и академик Анте Поповски, долгогодишен член на ДПМ и во еден мандат, негов председател.
Средбата се одржа во соработка меѓу Општината и ДПМ и може да биде пример на взаемни настојувања за дисперзија на културните и книжевните настани ширум нашата татковина.
Тенденција е и на општината и на ДПМ ова да прерасне во континуирана грижа и традиција во презентирање и афирмирање на евидентните и потврдени културни и творечки вредности.
Свои творби претставија Зоран Анчевски, Ресул Шабани, Тодор Чаловски, Бранко Цветковски, Кочо Топузовски, Милица Пашовска, Илија Велев, Иван Џепаровски, Ристо Јачев.