Канческа Милевска: СДСМ ги намалува средствата за национална пензија

Од:

Елизабета Канческа Милевска денеска на прес-конференција изјави дека владата на СДСМ не е реформска, туку антиреформска, што се потврдувало со предложените измени на законот за култура кои биле доставени по скратена постапка до Собранието, каде што наместо унапредување и валоризирање на трудот на уметниците, се предлагале измени во насока на девалвирање на уметничкиот придонес на личности кои што оставиле значителен влог за македонската култура.

-Социјалдемократскиот сојуз и министерот Алаѓозовски по најавата дека ќе ја укинат титулата Национален уметник, сега удираат и врз културните дејци со особени достигнувања за културата на Република Македонија и им ја намалуваат националната пензија. Тоа е голема неправда кон уметниците во Македониј. Владата на ВМРО-ДПМНЕ валоризирајќи го трудот на уметниците и културните дејци кои целото свое животно дело го посветиле за афирмација на нашата култура и држава и во домашни рамки и во светот, во 2012-тата година со измена на законот за култура овозможи сите уметници кои се добитници на врвните државни награди за култура, да остваруваат право на паричен надоместок во висина од разликата меѓу пензијата што ја остваруваат и највисоката пензија во Република Македонија во претходната година, за тековната година, изјави Канческа Милевска.

Според неа, владат ана ВМРО-ДПМНЕ 5 години им го давала ова право на уметничките дејци, а сега СДСМ го уназадувало и намалувало.

– Социјалдемократскиот сојуз без срам предвидуваат измена во законот со кој на овие репрезенти и бардови на македонското културно творештво им ги намалуваат средствата за национална пензија, достојна за трудот кој го вложиле за својата сопствена држава. Социјалдемократскиот сојуз предвидува горната граница од која ќе се пресметува надоместокот наместо да биде врзано за растењето на највисоката пензија која за 2016-та година е 47.873 денари, да биде фиксирана на 38.500 денари, рече Канческа Милевска.

Како што кажа таа, ова бил директен удар врз луѓето кои својот живот и дело го посветиле на македонската култура и нејзината афирмација.

– Со оваа законско решение на ВМРО-ДПМНЕ беа опфатени 66 лица кои својот живот и дело го врежале во македонското културно творештво, помеѓу имињата на долгата листа значи од таа на 66 личности кои дале особен придонес за македонската култура и се приматели на овие средства јас ќе спомнам значи дел од нив бидејќи е долга листата нели од 66, а тоа се: Александар Џамбазов, Милица Стојанова, Мето Јовановски, Себахат Ајрула Тозија, Ефтим Клетников, Милка Ефтимова, Газанфер Бајрам, Коста Балабанов, Реаул Шабани, Раде Силјан, Ивица Зориќ, Родољуб Анастасов, Цветан Грозданов, Лилјана Мазова, Катица Ќулавкова, Бајруш Мјаку и многу други. Сите тие сега ќе се соочат со безчувствителноста на Социјалдемократскиот сојуз, рече Канческа Милевска.

Таа додаде дека СДСМ и Алаѓозовски со ваквата своја одлука се изживувале со животите на културните работници, кои својот живот и дело го посветиле на културата во Република Македонија и нејзиниот развој.

– Сакам да информирам дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа амандман со кој се бара да се задржи претходното законско решение кое стапи во сила од 1 јануари 2012 година за сите уметници и стручни работници од областа на заштитата на културното наследство како добитници на наведените државни награди во законот да продолжат да го остваруваат правото на месечен паричен надоместок во висина од разликата меѓу пензијата која ја остваруваат, значи ја добиваат и највисоката пензија во Република Македонија во претходната година, за тековната година. Апелираме до пратениците на Социјалдемократскиот сојуз и до министерот Алаѓозовски да го поддржат нашиот амандман, поточно да остане во сила постојното законско решение, за да се продолжи да се унапредува и валоризира трудот на уметниците и стручните работници кои што оставиле траен влог во културата и идентитетот на Република Македонија, а не да се уназадува и да се девалвира нивниот лик и дело, рече Канческа Милевска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

Горан Наумовски