Канческа-Милевска: Илинден е длабоко вкоренет во срцата и свеста на Македонците

Од:

Илинден зафаќа најголемо место и е длабоко вкоренет во срцата и во свеста на Мекедонците, истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и го поздрави обединувањето на македонските организации кои денеска првпат одржаа заедничка семакедонска средба во потпелистерското село Трново.

На собирот што го организираа Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија-Битола, Сојузот на Македонците од Егејот „Македон“ и Светскиот македонски конгрес, Канческа-Милевска посочи дека Владата на Република Македонија неуморно работи за економски просперитет, континуирана промоција на нашата држава на меѓународен план, но и води грижа за Македонците во светот.

– Нашите легитимни заложби да бидеме дел од ЕУ и НАТО, за жал, континуирано се попречуваат од јужниот сосед поради наметнатиот апсурден спор околу името на Република Македонија. Во рамките на меѓународното право и воспоставената пракса на меѓународните односи, Владата на Република Македонија води грижа за положбата и правата на Македонците кои живеат насекаде во светот. Потврда за тоа е и Резолуцијата за бегалците од воените дејствија од Грција за време на Втората светска војна и граѓанската војна донесена од Собранието на Република Македонија, нагласи Канческа-Милевска.

Во својата поздравна реч, таа потсети дека Владата континуирано ги поддржува и мотивира проектите поврзани со промоцијата на македонската култура насекаде во светот.

– Нашето културно наследство со своите уметнички и историски вредности со векови опстојува и со својата разноликост претставува наше автентично, но и светско богатство. Токму затоа, Владата на Република Македонија и Министерството за култура континуирано даваат поддршка на голем број проекти за промоција на македонската култура насекаде во Европа и светот, проекти за изучување на македонскиот јазик и проекти за промовирање на нешто највредно, а тоа се македонската традиција, култура и наследство, рече Канческа-Милевска.

Претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, истакна дека Македонија е суверена држава, Македонците се суверена нација и тоа, рече тој, повеќе никој и никогаш не може да го смени.

– Македонската цивилизација на која ние припаѓаме е цивилизација на мирот и љубовта, наспроти војната и омразата, на толеранцијата и коегзистенцијата, наспроти сегрегацијата и дискриминацијата… Разговорите за промена на државното име се срам и значат окупација на македонската нација и затоа ќе повториме прашањето за државното име е затворено со Референдумот од 8 септември 1991 година. Од Владата бараме крај на мандатот на Метју Нимиц и безусловен крај за разговорите за државното име Македонија, истакна Петров.

На заедничката Семакедонска средба што се одржа во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ се обратија претставници на македонските здруженија и организации, Васко Наумовски, пратеник од дијаспората и градоначалникот Владимир Талески, а собирот го благослови архимандритот Никодим Царкњас.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ