Канческа-Милевска и прилепскиот градоначалник Ристески ја посетија Куќата на Бектешовци

Од:

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески денеска ја посетија Куќата на Бектешовци во прилепската Стара чаршија.

Куќата на Бектешовци, која е изградена во 1923 година и има културно и историско значење во изминатиот период беше целосно реставрирана во рамките на проектот на Министерството за култура за обнова и конзервација на повеќе фасади во значајни градски јадра.

Според Канческа-Милевска, со реставрацијата на фасадата, овој објект во Прилеп го доби својот автентичен лик.

– Среќна сум што присуствувам на реализацијата на проектот во Прилеп, реставрација на фасадата на Куќата на Бектешовци, која и сама по себе е музеј, како надворешно така и внатрешно. Токму преку уникатната фасада на куќата, која е изградена од Петре Бектеш, татко на сегашниот сопственик, се запазува европската градителска традиција. Имавме можност да разговараме со семејството на градителот кое целосно е посветено на одржувањето на куќата и на вредните предмети, истакна Канческа-Милевска, потенцирајќи дека проектот продолжува да се реализира и во другите градови.

Луксузното здание, со физиономија на црковен храм, има два ката поткренати на подрумски простории. Располага со повеќе соби, голем салон со тавани повисоки од три и пол метри. Сопственикот Трајче Бектеш не го криеше задоволството што неговата „убавица“, како што ја нарекува куќата, доби убав и автентичен лик.

Фасадата на грандиозниот објект сега е украсена како што била некогаш. На главниот влез се декорирани античките столбови и мермерни широки скали, а дворот е ограден со железна кована ограда, вајана со уметничките раце на чеканот на прилепските ковачи. За реализацијата на проектот за обнова на фасадата, Министерството за култура издвои три милиони денари.

Би можело да ве интересира

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он